Брат за брат, сирење за круши

Паралелно со стандардното пазарење по тезги и браусање по супермаркети, во Англија се почест начин на набавка на квалитетна и домашна храна е трампање со други луѓе.

Се среќааат луѓе по локални центри на неколку часа и меѓусебе си ги разменуваат артиклите кои ги донеле од дома. Нема пари, само размена на она што сте го донеле со она што ви треба.

А луѓето носат домашен леб, колачи, торти, овошје или зеленчук од двор... и на нив ставаат картици за што би го менувале тоа.

"Убавината на размената на храна е во тоа што можете да се вратите дома со многу повеќе отколку што сте донеле. На пример, правите домашен џем, ви испаѓаат 6 тегли, 5 од нив носите на размена и се враќате со еден куп други производи а сепак имате од својот џем," велат од една компанија која ги организира ваквите средби.

21 октомври 2013 - 11:01