Контроверзната апликација ги охрабрува момците да понудат подарок за да ги зголемат шансите за излегување со девојка. Накит и пластична операција се наоѓаат на листата на подароци кои корисникот на апликација може да ги понуди како дополнителен аргумент за заинтересираните девојки.
"Девојките се наоѓаат во повластена ситуација на интернет бидејќи добиваат безброј понуди додека машките молат за риплај," се вели во официјалното соопштение во кое се тврди дека ова е фер начин некои мажи да ги зголемат своите шанси за наоѓање партнерка.
Авторите објаснуваат дека ова е само една од употребните варијанти на универзалната тактика на "морков и стап" и тврдат дека со мафтање на вистинскиот морков девојките може полесно да прифатат да видат за што се работи.
Од друга страна, ексепрти предупредуваат дека во вакви случаи емотивниот неуспех е речиси загарантиран а некои сметаат и дека апликацијата нема долго да трае бидејќи може да биде оквалификувана како проституирање.