Блокбастер стратегијата означува пракса на вложување што е можно повеќе и повеќе пари на се помалку и помалку наслови, без разлика дали е во прашање филм или бенд / пејач.
"Иако нема безбеден начин како да се игра во ентертејмент индустријата, може да се каже дека блокбастер стратегијата е најсигурна опција. Кога инвестираме, ние интуитивно размислуваме дека треба да направиме голем број мали инвестиции. Блокбастер стратегијата е обратна. Таа значи правење на повеќе огромни инвестиции. Меѓутоа излегува дека ова е посигурно," објаснува професорката од Харвард, Анита Елберс, инаку авторка на книгата Блокбастер.
Според неа клучно е многу да се троши на блокбастерот (без разлика во која индустрија е) бидејќи таа инвестиција подоцна создава нови блокбастери. Како пример таа ја дава ЕнБиСи која по неколку години калкулирање со трошоците, сега не е во позиција да извади блокбастер.
"Гледај ги трејлерите што ги пуштаат во кино. Ако се проектира филм на Ворнер Брос, студиото има 3 или 5 трејлери што ги пушта пред него. Значи имањето хит, ти помага да го создадеш новиот хит. Ако МекМилан објави книга на Бил О'Рајли и таа добро се продава, тогаш МекМилан ќе го натера него да ме интервјуира, што ќе и помогне на продажбата на мојата книга. Хитовите создаваат хитови.
Слично е и во музиката. Ако си компанијата што ја издава Лејди Гага и имаш нов бенд што сакаш да го промовираш, може да кажеш 'ајде музичаров нека биде пред група на Гага.' Сега публиката на Гага е изложена на новиот уметник. Слично како што функционира пуштањето трејлери пред твојот филм. Хитовите создаваат хитови," порачува Елберс.
Што се однесува до неуспешните блокбастери како Lone Ranger, според Елберс тие се неразделив дел од блокбастер стратегијата и за нив толку се зборува заради тоа што од старт се стравично големи проекти.
"Ако ги собереш сите мали филмови кои не успеале да ги покријат своите трошоци, ќе добиеш поголем неуспех отколку сите големи влогови во блокбастерите," објаснува Елберс.