How I Met Your Father

По девет години ова е последната сезона на How I Met Your Mother, ама на СиБиЕс не им се прекинува тука.

Ко-авторите на Како ја запознав мајка ви, Картер Бејс и Крег Томас, заедно со Емили Спивеј, веќе пишуваат сценарио за пилотот на Како го запознав татко ви, шоу за група пријателки од Њујорк од кои една се обидува да го најде својот иден сопруг.

За сега се разгледува и идејата новите ликови да бидат претставени во последната епизода од Како ја запознав мајка ви, и дека пабот МекЛарен (во кој што дреме сегашната екипа) може да ги поврзе двете екипи.

Случувањата во новата серија нема да бидат поврзани со постојните ликови, освен евентуално во крајната сезона, кога би требало да се спојат идната невеста и Тед.

Иако веќе се работи на сценариото, не се знае дали серијата ќе стигне да биде дел од премиерите во есента 2014-та.

31 октомври 2013 - 18:43