Тврдењето е на Бен Тејлор од FindTheBest, а тоа се базира на рејтингот и наградите што алкохолните пијалаци ги имаат добиено од натпреварот Светот на алкохолот во Сан Франциско, Вински ентузијаст магазинот и Институтот за тестирање пијалаци.
Тој секое шише алкохол го тестира врз основа на резултатите на овие натпревари, без притоа да знаат која е неговата цена.
Во резултатите што ги добива има некои исклучоци од неговото правило, па така вотката Zyr која чини 32 долара, има и висок рејтинг од 98. Меѓутоа вотката Belvedere од 34 долари добива рејтинг од само 80, додека Grey Goose која никогаш го нема освоено медал на натпреварот во Сан Франциско, ја сметаат за 100% маркетиншки успех.
Вотката има и највисок степен на разлика меѓу цената и квалитетот, нешто слично е и кај џин, додека разликата е пониска кај текилата и румот. Вискито е единствениот пијалок кај кој цената одговара на квалитетот.