Живот и забава

Зошто (мнозинството) фитнес програми се измама

Поранешен член на Националната асоцијација за сила и кондиција, и човекот кој си заминува од КросФит (компанијата) откако за нив развива програма за вежбање со шипка, објаснува - се е тоа гола вода.

На точак голем колку кола

Велосипедисти од Латвија еден ден на своите сограѓани ефектно им покажаа колку скромни барања имаат од градот и како би изгледало кога тие би зафаќале простор колку автомобилите.

Зошто камиказите носеле шлемови?

Прашањето е малку погрешно но одговорот има логика.

Зошто камиказите носеле шлемови?

Прашањето е малку погрешно но одговорот има логика.

Најголеми грешки во резимето, според човекот што чита резимеа за Гугл

Во Гугл неделно стигаат 50.000 резимеа, а додека е таму како главен за вработување и регрутирање Лазло Блок има прегледано над 20.000. Некои се брилијантни, добар дел се катастрофа, ама најголемиот број се ОК. Според него ова се 5-те најголеми грешки во резимеата.

Битолчанецот што ги фотографира бразилските затвори

Роден и растен во Битола, а оженет и живее во Бразил, Милчо Пипин добива пристап за фотографирање во Централниот затвор на Парана, сместен во Куритиба, Бразил. Во затворот има 1.500 затвореници, а Милчо објаснува дека "и покрај честите проблеми со пренатрупаност и нестабилните услови во него, овој затвор во никој случај не е најлошиот во Бразил." Во соработка со криминологот др. Маурисио Стегман Дитер, Пипин ја прави фотосесијата "Locked Up."

Како да НЕ фатите ебола?

Не дека во нашава животна околина нема многу пореални опасности од кои еден ден ќе загинеме загинете, глобалната паника од еболата влезе и кај нас па оние најуплашените веќе замислуваат како ќе се редат мртви тела по Партизанска. Пар совети за тоа како да се заштити човек. 

Зошто ЕСПН ќе плаќа 1,4 милијарди долари годишно за НБА

НБА објави продолжување на договорот за телевизиска права со ЕСПН и Турнер Спортс, по цена од 24 милијарди долари за 9 години. За 1,4 милијарда долари годишно ЕСПН добиваат 100 натпревари од регуларната сезона и 44 натпревари од плејофот.

Архитектонско фото 2014.

Слика од белата внатрешност на центарот Хајдар Алиев (во Азербејџан) е прогласена за архитектонска фотографија на годината на Фестивалот на светска архитектура. Фотографираната зграда е дело на Заха Хадид.

Пред-мор

Некои од тие фините компјутерски компании што нонстоп се во потрага по нови добри вработени, воведува нова пракса - две недели одмор пред прв ден на работа за секој нов вработен. Тоа се вика - пред-мор.

Насловна на денот

ИСИС намерно пушта фотографии и видео снимки од погубувањата и сечењата глави а западните медиуми тоа безрезервно го пренесуваат, одработувајќи го на тој начин својот дел од пропагандата на џихадистите. Еден британски весник одби да учествува во таквиот ПР.

Ебола со утеха

Последната фуфка се вика ебола. Ако луѓе кои живеат на одвратен скопски воздух и се хранат во сендвичари кои кило виршли набавуваат за 90 денари ги фати паника дека ќе умрат баш од ебола, тогаш најверојатно ќе умрат од глупост.

Пилето ми р'жи рано насабајле

Ние исти, свињите (некогаш има разлика) исти, говедата горе-долу исти. Во последниве 70-тина години, само кокошките рапидно се имаат зголемено за неколку броја.

Холивуд е полн со уплашени луѓе

Човекот за кого последен пат пишувавме по повод неговата опера за Челини, е роден Американец чиј визионерски придонес во светската кинематографија Америка никогаш не го призна. Во интервју за Салон, Гилијам го возвраќа ударот на холивудските „сиви, уплашени луѓе кои се борат за гол живот" и објаснува зошто се откажал од американското државјанство.

Верувајте му на својот нос

Ако сте го изгубиле сетилото за мирис, добро-лошата вест гласи: ќе поживеете, уште едно 5 години. Околу вас се пет клучни мириси на кои можете да се тестирате.

Кој македонски министер ќе го прифати овој челинџ?

Лесно беше познати фаци да се полеваат со вода. За да ја подигне свесноста за еден сериозен здравствен проблем, еден Американец дал отказ од работа за да направи нешто за кое требаат муда.

Платите на Холивуд

Само заради добриот договор Роберт Дауни Јуниор од третиот дел за Ајрон мен заработи 75 милиони долари, инаку кога не е супер-херој обично наплаќа по 15 милиони долари за филм. Ако не ги имаме предвид животните, во Холивуд најслабо платени се асистентите на агентите со 10 до 13 долари на час.

Десетка со Саша Греј

Иако се нема крцкано пред камери веќе 5 години, Саша Греј и натаму важи за една од најголемите порно ѕвезди. Во најновиот филм игра со Илајџа Вуд, претходно се појави кај Содерберг, во меѓувреме пишува колумни и пушта музика. 10 детали од нејзина уста.

Најелегантните мафијаши на сите времиња

Магазинот Есквајер состави листа на олд скул мафијаши кои внесоа шик и елеганција во модерното облекување. Со колку повалкан бизнис се занимавале, толку почисто изгледале. Еве ги фраерите.

Тутунар во електронска кожа

Ако не му верувате на доктор за никотинот, тогаш барем треба да им верувате на луѓе што прават цигари, а според нив - никотин е никотин, без разлика дали е од тутун или од пареа.

Лас Вегас веќе не е само коцка

Останува тој главното место за аџилак на комарџиите од цел свет, меѓутоа приходите од тоа веќе не се доминантни за градот.

Подобро ништо, отколку што и да е

Во последно време се изначитавме текстови против прокрастинацијата, навиката важните и потешки работи и одлуки да се одложуваат во недоглед. Но под мотото „има и полошо", сега е детектиран нов феномен - кога правењето нешто по секоја цена одзема повеќе време отколку правењето ништо.

7 типови неверници

Оние што живеат во и со Бога, јасно им е на која група припаѓаат. На оние кои го немале или попат го изгубиле, им останува да се пронајдат во некоја од следниве позиции.