Секоја година вирално зема замав некоја нова диета која ветува фасцинанти резултати: намали ги мастите, извади го шеќерот, јади како пештерски човек, стани веган, извади го глутенот, елиминирај млечни производи....
Најдобриот совет за 2015-та е да се игнорира таа какофонија од експертски совети, пишува Бизнис инсајдер нудејќи ја препораката на Мајкл Полан кој вели: "Јадете храна. Не многу. Главно растенија".
Со оглед на тоа што најнездравите јадења кои се полни со лоши масти, сол и шеќер доаѓаат од ќеса или кутија а не од земја, наједноставниот совет за здрава исхрана и губење вишок килограми гласи:
Не јадете го она што кога би ѝ го покажале на вашата прабаба, таа не би го препознала како храна.
Полан препорачува секој човек да си направите сопствен периметар во неговиот омилен маркет (да не оди секаде) и во секој случај да ги избегнува деловите со грицкалици и замрзната храна.