Во текстот за блогот на журналот Смит признава дека ова е "романтично" гледиште на смртта, меѓутоа порачува дека добротворните организации треба да престанат да трошат милијарди долари во потрага по лек за ракот бидејќи тоа е најдобрата опција за старата популација. Тој исто така го цитира и шпанскиот режисер Буњуел кој своевремено предупредува дека голем број пациенти "кои се пред ужасна смрт, се одржуваат во живот со чудата од модерната медицина." Буњуел умира од рак на панкреасот во Мексико сити во 1983-та.
"Смртта од рак е најдобар и најблизок начин на смрт до она што Буњуел го имал и добил. Можеш да се збогуваш, да се осврнеш а својот живот, да ја оставиш последната порака и можеби за последен пат да посетиш некое специјално место, да ја ислушаш омилената музика, да прочиташ љубовни поеми и да се подготвиш, според твоите верувања, за средбата со твојот создател или да го уживаш вечниот заборав.
Ова, признавам, дека е романтично гледиште на смртта, ама се постигнува со љубов, морфиум и виски.
Често ја прашувам мојата публика како сака да умре и најголемиот дел од нив избираат ненадејна смрт. Ова може е ОК за вас, ама ќе биде многу тешко за сите околу вас, посебно ако некоја важна врска ја оставиш ранета и незалечена.
Умирањето од откажување на некој орган - бубрег, срце, бели дробови - ќе те задржи премногу долго во болница и со доктори. А спората и долга смрт од деменција веројатно е најлошо нешто бидејќи со неа ти полека исчезнуваш," напишал Смит.
Текстот на Смит беше нападнат прво од читателите и коментарите на блогот, според кој тој е "игнорантен и бесчувствителен," а по ова на ред дојдоа неговите колеги и организациите кои тој ги повикува да не трошат пари на барање лек за ракот, објаснувајќи му дека од болеста не умираат само стари, туку дека има и голем број млади пациенти заболени од рак.