16 најхрабри насловни на Шарли Ебдо

Вчерашното убиство на 12 луѓе беше направено како одмазда за навреди искажани на насловната и страниците на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, магазин кој ова го прави од 70-те.

1. Во издание од 2011-та магазинот го смени своето име од Charlie Hebdo во Charia Hebdo, и го именуваше пророкот Мухамед во "гостински уредник." На насловната, Мухамед вели "100 камшици ако не умреш од смеење!" По ова следуваше хакирање на сајтот на магазинот и пожар во канцелариите.

 

2. Неколку месеци по контроверзата со Charia Hebdo, излезе насловната со муслиман кој бацува карикатурист од Шарли Ебдо, на кој пишуваше "Љубовта е посилна од омразата."

3. Карикатурата од 2006-та со која започнаа контроверзиите. На насловната го имаше пророкот Мухамед како плаче, со наслов "Мухамед поразен од фундаменталистите," а изјавата е "Тешко е да бидеш обожуван од идиоти."

 

4. По смртта на музичарот во 2009-та, насловната беше "Мајкл Џексон, конечно бел."

 5. Во октомври минатата година на насловната член на ИСИС го обезглавуваше Мухамед, притоа нарекувајќи го неверник. Насловот беше "Ако Мухамед се врати..."

 

6. Во 2013-та магазинот беше тужен пред судот во Париз заради насловната на која пишуваше "Куранот е срање. Не запира куршуми."

7. При воведувањето на забрана за носење бурка во Франција, на насловната имаше разголена девојка, а насловот беше "Да за носење бурка... од внатре."

 

8. Во септември 2012-та заради насловната Франција ги затвори своите амбасади, конзулати, културни центри и училишта во 20 држави. На неа, како сатира на францускиот филм "Недопирливи" и анти-муслиманскиот документарец "Невиноста на муслиманите," имаше слика од Евреин како турка инвалидска количка во која седи муслиман. На натписот пишуваше "Не исмевај."

 

9. Неколку месеци по нападите од 11-ти септември, на насловната беше нацртан Осама бин Ладен со кренати раце и натпис со текстот "без раце."

 

10. Во 2006-та магазинот ја напаѓа TF1 телевизијата која постојано емитува американски реални шоуа, а по пат го зафаќа и Исус. Насловот е "Најновото реално шоу на ТФ1," а на него Исус коментира "Јас сум ѕвезда, тргнете ме од тука."

 

11. На една од насловните со папата, Бенедикт 16-ти држи кондом над глава, извикувајќи "Ова е моето тело." Ова беше исмевање на Папата за една негова изјава за користење на кондоми.

 

12. Во 2011-та насловната беше посветена на смртта на Бин Ладен. Насловот беше "Бин Ладен е жив" а на сликата тој беше облечен како Елвис.

 

13. Пред затворањето на судењето од 2007-ма, на насловната беа рабин, кардинал и оџа, како заедно викаат "Шарли Ебдо мора да биде покриен." (Мора да му ставиме превез.)

 

14. Во 1971-ва, 3 години по големите студентски протести во 1968-ма, насловот беше "Гласајте глупаво... немате избор."

 

15. Ноември 2012-та магазинот ја прослави легализацијата на истополовите бракови, со насловната "Кардиналот Вингт-Троа има тројца татковци: Отецот, Синот и Светиот дух." Ова беше референца на изјавата на парискиот владика, кој го нарече истополовиот брак "измама."

 

16. Во 2010-та магазинот ја закачи католичката црква за секс скандалите. На насловната Бенедикт XVI-ти советува еден од своите епископи да "Влезе во филмови (филмска индустрија), како Полански..."

8 јануари 2015 - 12:41