Фармата е сместена во поранешна фабрика за полупроводници и користи специјални ЛЕД светилки развиени од Генерал Електрик кои помагаат растенијата да растат 2,5 пати побрзо. Моментално во тек е изградба на ваква фабрика во Хонг Конг, а по ова следуваат Монголија, Русија и Кина.
Идејата за изградба на фармата следува по цунамито од 2011-та, кое меѓу другото ја распарчува фабриката. Плус, по катастрофата се јавува проблемот со плодно земјиште кои би можело да се засади со земјоделски култури.
Автор на целиот проект е Шигехару Шимамура, сопственик на компанијата Мираи. Тој успева да го скрати циклусот на растење/зреење на зеленчукот со "укинување на ноќта," ја оптимизира температурата, светлоста и влажноста во фабриката и го користи вертикалниот простор за да засади повеќе "спратови" зеленчуци.
Моментално процесот е само полу-автоматизиран, машините вршат дел до работата, ама берењето се врши рачно. Во иднина се очекува роботите да го преземат берењето и транспортот на зеленчукот до пакувањето.
Изборот на зелена салата е затоа што таа брзо расте и може брзо да биде испорачана на пазарот, заради што за сега ќе одат само на лисести растенија. Инаку системот (со помала исплатливост) би можел да поддржи и останати зеленчуци.
Идејата е системот доволно да се развие за да може полесно да се имплементира и во останатите делови во светот "во кои има проблем со ресурси и со простор."