Физичарот (Рубен Мирман) и биохемичарот (Ендру Браун) за Британскиот медицински журнал изработуваат формула со кој покажуваат дека салото (плус кислород) се метаболизираат во јаглерод-двооксид и вода која оди во урината или се троши при самиот процес. (Формулата е: C55H104O6 + 78 O2 --> 55 CO2 + 52 H2O)
Мирман објаснува дека овие пресметки не се нови за науката, туку погрешно се разбрани. Тој во интервју за ЕјБиСи објаснува дека е "запрепастен кога сфатил колкаво е непознавањето на вој навистина базичен биохемиски процес."
"Секако, горната равенка не го вклучува ослободувањето енергија. Па мислам дека ако во секојдневен разговор речеш дека салото станува енергија тоа не те прави глуп. Поентата на Мирман е дека според науката, материјата се конзервира, и не се претвора толку лесно во енергија. Атомската бомба што САД ја фрлија над Хирошима значеше претворање на само околу една третина од масата на паричка од 10 центи (вкупна маса на паричката е 2,2 грама) во енергија. Ако може да ги претвориш твоите резерви од сало во енергија, ти ќе експлодираш во фантастичен, катастрофален спектакл. Твојата патека за трчање ќе биде уништена, заедно со твојата вежбална, и твојот град. Ама затоа и тежината ќе ја нема," објаснува Џејмс Хамблин во Атлантик.