За да се квалификуваш во здружението во текот на изминатата година мора да имаш 4 објавени текстови во странски медиум (надвор од САД). Зачленувањето во здружението чини 500 долари, ама за овие пари како член добиваш бесплатни патувања, дружење со светски ѕвезди, посети на студија, снимања и слично.
На страна легитимните и почитувани медиумски ликови кои се во здружението, најголемиот дел се хонорарци за кои не може да се најде некоја посериозна референца. Вокатив ги бира своите омилени членови на здружението:
Александар Невски, Русија
Роден како Саша Куритсин, Невски е светски познат бодибилдер кој во 2012-та е избран за Мистер Универзум. Како актер, тој глуми во филмовите Treasure Raiders и Moscow Heat.
Тео Кингма, Австралија, Холандија, Куба
Теоретски не е новинар, туку професионален фотограф (со ограничени познавања од Фотошоп). Тој е и претседател на здружението, позиција која се плаќа 100.000 долари годишно.
Гилда Баум-Лапе, Мексико
Жената редовно твита за филмови што ги гледала и вести за славните, меѓутоа во текот на изминатата година нема ниту еден твит со референца за нешто што таа напишала. Ова е речиси правило за членовите на здружението.
Маргарет Гардинер, Јужна Африка
Родена во Јужна Африка, Гардинер во 1978-ма беше избрана за Мис Универзум. Моментално живее во САД.
Јола Цадерска-Хајек, Полска
Самопрогласената Првата дама на Полска во Холивуд.
Ноел де Суза, Индија
Де Суза го има глумено Махатма Ганди во епизода од Ѕвездени патеки: Војаџер, а има и улога на стар Индиец во Wedding Crashers.
Мира Панатојовиќ Вукелиќ, Србија
Професорката со стаж е авторка на интерактивен ЦД-РОМ за учење англиски јазик. Според Амазон, претходно играла кошарка и тенис.
Мунавар Хусеин, Данска, Германија, Обединетото Кралство
Пред некое време Вашингтон пост откри дека наводниот голем меѓународен критичар Хусеин работи во Сиркут Сити (ланец продавници за електроника).
Мехер Татна, Малезија, Сингапур
Моменталниот благајник на здружението е и продуцент и повремена актерка. Татна неодамна учествуваше во една епизода на Симпсонови, во 2006-та.
Beyoncé and German journalist Hans J. Spürkel backstage at EPIC's Press Conference (May 4th) pic.twitter.com/YxxX3EuY01
— Beyoncé Info. (@Beyonce_Info) May 24, 2013
Ханс Ј. Спуркел, Австрија, Швајцарија
Ханс неодамна имаше слика со Бијонсе, па барем тоа му оди од рака.
Џек Тевксбури, Аргентина
Дел од биографијата на Тевксбури од ИМДБ: "Џек и тогашниот претседател на СиБиЕс Џејмс Обри беа пријатели. Кога Џим (Џејмс) беше во болница во Санта Моника, него го посетија две калуѓерки за да кажат молитва. Потоа едната имаше орален секс со него, додека другата ја пазеше вратата. Вечниот зафркант Џек ги имаше пратено двете актерки да купат костуми и да се преправат како калуѓерки."