Повторувањето е мајка на топ листата

Колку помалку е комплексна музиката толку е поголема нејзината популарност, и ова не е нешто ново туку така е од 50-те години па до денес.

Слушателите бараат баланс меѓу познатото и новото, и ова се два фактори "кои влијаат не само како ја перципираме популарната музика, туку и како таа се снима," се објаснува во студија објавена во ПЛОС (Public Library of science).

Студијата ја прават од Виенскиот универзитет за медицина, и според нив колку повеќе е популарен некој стил на музика истиот станува погенерички, делумно и затоа што музичарите не сакаат да експериментираат со публиката.

Тие ја анализираат "инструменталната комплексност на повеќе од половина милион албуми од 1955-та до 2011-та," кои се избрани од 15 жанрови и 374 стилови (од ацид џез, до викинг метал и корејска дворска музика). Во рамките на стиловите истражувачите анализираат речиси 500 инструменти. Стиловите кои користеле инструменти кои се присутни и во други стилови имале "ниска комплексност," додека оние со поголем избор на инструменти кои се користени во помалку стилови имаат "висока комплексност."

Тие го анализираат и животниот циклус на комплексноста. Тука експерименталната, фолк и фолк рок музиката имале константно високи нивоа на комплексност. За разлика од нив, соулот, фанкот и класичниот рок почнале со висока комплексност ама со тек на време паднале. Во одредени моменти евро-хаусот, диското и поп-рок ја намалиле својата комплексност, ама затоа им пораснала продажбата на албуми, додека алтернативниот рок и хип-хопот ја зголемувале комплексноста, меѓутоа имале севкупен пад на продажбата.

6 јануари 2015 - 14:28