Стиропор на норвешки начин

И кај нас дојде таа шема, енергетски пасоши, енергетски ефикасни фасади... Во превод, тоа главно значи да се залепи стиропор на фасадата. Во Норвешка е малку поинаку.

Куќата е заеднички проект на Норвешкиот истражувачки центар за згради со нула штетни емисии и познатата архитектонска фира Snøhetta (што им ги дизајнираа банкнотите).

Значи, испушта нула штетни материи во околуината а произведува и до три пати повеќе енергија отколку што ѝ е неопходно (дури и ако сопствениците имаат електричен автомобил за полнење).

Создава 23,200 kWh а благодарејќи на низа употребени трикчиња, потребни ѝ се само околу 7,272 kWh.

Главен извор за енергија се соларните панели на кровот, навалени 19 степени за да се максимизира изложеноста на сонце, ентериерот е скандиавски минимален со употреба на природни и рециклирани материјали а радијаторите се загреваат гео-термално. Вишокот енергија се користи за да се загрее надворешниот базен што фино ѝ доаѓа на бавчата која се наоѓа во близина.

Тоа изгледа вака:



13 јануари 2015 - 11:59