Живот и забава

Должиш фитнес!

Допрва ќе се договараме дали ова е придобивка или зијан, ама научниците заклучија дека одењето на фитнес те "отвора" за пиење.

На која диета беше Клара Цеткин?

Најголем женски проблем во моментов не е мизогинијата и шовинизмот. Најголем женски проблем во моментов е броењето калории.

Колку литиум има македонската вода?

Ако се погледнат сите оние тажни луѓе со кои секојдневно се разминуваме, малку.

Зошто никогаш нема да победиш на Дејли Шоу (и општо на ТВ)

Причината зошто никој никогаш не го "тепал" Џон Стујарт или Бил О'Рајли (или Васко Ефтов) на телевизија, е иста како и причината зошто никогаш не си видел видео како обичен човек го претепува Ивандер Холифилд: луѓето се добри во тоа што го работат.

Канабис републиката на Уругвај

Во земјата веќе 40 години е дозволено пушење марихуана, ама смееш да дуваш само од "државната" марихуана увезена од Парагвај (според Уругвајците - парагвајско гомно), бидејќи одгледување, продавање и пушење на секоја друга не е дозволено.

Сумо борачите што расплакуваат бебиња

Пред очите на родителите, викендов во Токио сумо борачи се обидуваат да расплачат што е можно повеќе бебиња. Не е за Меѓаши, за здравје било.

Колин Фарел потврден за Вистински детектив

Беше Бред Пит, па Винс Вон, за на крај главниот лик во втората сезона на Вистински детектив да го добие Колин Фарел.

Како ЈуТу стана најомразениот бенд во Америка?

Обидувајќи се да направат нешто фино за муштериите, Епл минатата недела објави дека на секој корисник на АјТјунс му го поклонува (сосема бесплатно) новиот албум на ЈуТу. Се што успеаа да направат е да го навлечат гневот на сите што некогаш имале нешто лошо да кажат за ЈуТу.

Киријата на Роберт Де Ниро

На стари години, Де Ниро со госпоѓата решава да се пресели во нов стан во Менхетен. Дали не верува дека уште многу долго ќе го користи, па наместо да плаќа полна цена, актерот реши да го земе станот под кирија.

Тропскиот Вавилон

Изграден во Каракас во 60-те и замислен е како "драјв-ин" трговски центар. Замислата се претвора во кошмар откако проектот се закачува на речиси секоја можна препрека по пат, па судбината му се движи од седиште на тајната полиција до дувло за нарко-трговија и проституција.

Сакате кола за сите пари?

Ѕирнете го Кадилак концептот на Лексани. Ентериерот ќе доаѓа позлатен ама ќе имало и варијанта со посељачка тоест нормална глазура. Ќе го купи ли ова некој од бахатите македонски тајкуни за да може безбедно преку прозор да моча по овдешниот лумпен пролетаријат?

Зошто вашата кујна од Икеа не личи на онаа од Икеа?

Затоа што три четвртини од фотографиите на нивните производи не се вистински предмети.

Купи паркинг, купи стан

Нова зграда во Њујорк (од скапите) доаѓа со вкупно 10 подземни паркинг места, по цена за метар квадратен поскапа отколку метар квадратен во становите што ги продава. Се на се, 1 паркинг место = 1 милион долари.

Кој после ова нема да се измери?

Метрото во раце и пресметајте дали и кога дебелината ќе ве убие. Формулата е едноставна: струкот треба да ви изнесува половина од вашата висина.

Го знате ли Фридкиновиот парадокс?

Го знаете сигурно, барем од искуство. Кога не можете лесно да се решите дали на колегата кој ќе оди по доручек да му нарачате бурек или симит, или кога трошите непотребно многу време мозгајќи која паста за заби да ја купите.  

Ќарот на додавање велосипедска лента

Во случајов, велосипедска лента е една од лентите на булевар, која е сосема оградена од останатиот сообраќај со уште една заштитна лента. И по официјални њујоршки искуства сето ова функционира и има ќар по основа на (сечија) безбедност и брзина.

Проблемот со листеријата

Бактеријата во изминатите неколку години предизвика илјадници инфекции, кои имаа алармантна смртност од околу 21% (претежно кај возрасните). Таа може да преживее во голем број околини, вклучувајќи и ниски температури, киселинска околина и многу сол. Се на се ова е една од најважните болести кои се пренесуваат преку храна.

Македонските деца се најсреќни на светот

Колку и постарите да се трудат да биде поинаку и прописно да им го сјебат животот со своите проблеми, македонските деца се најсреќни на светот. Не се знае што да се прави со ваква младина.

Како дијамант од 300.000 долари беше изгубен во Ф1 судир?

Во 2004-та како дел од промоцијата за Дванаесетмината на Оушн, продуцентите одлучија за време на трката во Монако да стават дијамант на носот на болид. Два болида по еден дијамант. И двата болида се тркаа.

Крајот на Вулверин

Насловот на новата стрип-серија е "Смртта на Вулверин," ќе има четири делови, и во неа ќе се раскажуваат последните денови на еден од главните супер-херои на Марвел. Ама овој пат навистина последни.

Најскапиот ГИФ на светот

Ако некој бил спремен да даде вагон пари за уметничка баналност, зошто друг не би бил спремен да даде помал вагон пари за дигитална верзија на баналноста?

Жените на Викинзите

Стереотипот за исклучително машки викиншки воини, само што е разбиен од археолошкото откритие за исклучително женски викиншки воинки.

Саксија за продуктивност

На адетите во канцеларија за зголемување на продуктивноста од неодамна се придодаде и еден сосема нов - ставање саксија на биро. И по научна основа, ова функционира.

Марвел го сотре ДиСи

Историски ДиСи уште во 70-те години незапирливо тргна во освојување на филмскиот пазар и парите од кино-благајните, кога главен и единствен глобален филмски суперхерој беше - Супермен, а Бетмен го имаше истиот статус на телевизија. Од тогаш до денес, ДиСи генерално останаа на овие двајца, додека Марвел извади се што има.