Најлоши филмови за 2014-та

Мајкл Беј, 9 години задоцнето продолжение на Син сити, Нинџа желки како урбан трилер, дополнување на Џерси Шор брендот и филмови кои на хартија би требало да успеат.

1. Sin City: A Dame To Kill For
Непотребното продолжение на револуционерниот хит од 2005-та, Син Сити, ги крена нихилизмот и шовинизмот од оригиналниот филм на ново неиздржливо ниво, притоа трансформирајќи ги сите ликови во една голема дамка од неандерталска бруталност... полн со мажи кои треба неверојатно многу да еволуираат за да стигнат до ниво на ѓубре од човек, и жени кои неизбежно се курви, стриптизети, фатални жени или некој друг вид на женско зло.

2. Jersey Shore Massacre
Оваа неподносливо проширување на брендот да се нарече филм е премногу милосрдно. Во најдобар случај Jersey Shore Massacre е лабаво поврзана колекција на ужасни идеи кои некако успеале да завршат со нивно претворање во филм.

3. Sex Ed
Sex Ed припаѓа на секоја листа на најлоши филмови во историјата само заради приказната - главниот лик е професор идеалист по име Ед, кој решава да предава сексуално образование и покрај тоа што, тој самиот е девица!

7. Transformers: Age Of Extinction
Беј се уште е способен да создава слики кои се раскошни како и кој било кадар на кој било комерцијален филмаџија кој работи денес; во оваа смисла, тој е како Моцарт од Амадеус, а сите ние сме доведени на ниво на огорчениот Салиери, посакувајќи ваков талент да не се троши на средовечен маж кој уште го нема напуштено детското игралиште.

11. The Giver
... Ама тогаш режисерот Филип Нојс и неговите сценаристи сркшнуваат од нивниот млак и престижен тон со цел да украдат делчиња од секој голем младешки успех до кој можеа да се докопаат. Додадоа глуп љубовен триаголник од Самрак. И поглуп зол диктатор од Игри на гладтта. И од Хари Потер моронска потрага по произволна точка на мапа која магично ќе поправи се што е погрешно во опресивното општество на The Giver... Филмов го прават повеќе од една деценија, и остава чувство дека секоја сцена е пишувана во различна година, од некој што никогаш не чул за оригиналниот материјал, ама нормално чул за секој друг блед филм што некогаш е направен.

целиот топ 15

15 декември 2014 - 14:48