Солена или блага, со праз, месо, сирење, овошје или што и да е, заедничко за сите пити на светот им е тоа што се тркалезни.
Истовремено, тоа е нивната најголема слабост. Заради тоа што таа форма не го максимизира најубавото парче во секоја пита, долу кај ќошот, онаму каде што се сретнуваат долното и страничното тесто.
Познавачите се согласуваат дека заради дебелината, испеченоста и комбинацијата со фил, тој агол е место кое идеално го апсорбира вкусот на питата и ги гали непцата.
Токму заради тоа, авторот на книгата "Како секој залак да го направите повкусен" вели дека тркалезната форма на питите е лошо решение. бидејќи не извлекува најголем можен број идеални залчиња.
Математиката е едноставна: тркалезна пита со дијаметар од 23 сантиметри дава периметар од 72 сантиметри идеални залаци. Истата големина, само во четвртест облик нуди дури 92 сантиметри премиум гризови.
Што да ви кажеме, ќе треба да се менуваат некои навики и садови во 2015-та.