Како се стигнува на дното

Мајката од Британија која јаде по една ролна тоалетна хартија на ден, беше веста која деновиве е задолжена за фрикот на неделата во глобалните и локалните медиуми. Еве како се создаваат ваквите вести.

Џон Херман од The Awl до веста за мајката стига преку Њујорк Пост, каде во текстот на шега се коментира "Talk about a potty mouth."

Веста во Пост е превземена од News.com.au, каде оди со насловот: Meet the UK mother who eats a roll of toilet paper every day and just "can't quit".

News.com.au на крај од веста како извор го линкува Хафингтон пост, каде веста е пренесена со насловот: "Jade Sylvester Eats A Roll Of Toilet Paper Every Day".

Текстот во Хафингтон пост има линкови до три стории, сите објавени истиот ден:

The Mirror:
Woman who can't stop eating TOILET PAPER says "I like to feel the texture in my mouth"

Metro:
Young mother gobbles down an entire roll of toilet paper every day

Lincolnshire Echo (локален весник):
Lincolnshire mum eats an entire toilet roll every day

Најдолу во текстот од Echo, кредит за веста се дава на "Националната прес агенција Сел мај стори," и се линка до оригиналната верзија на сторијата.

Текстот во оригиналот завршува со следниот пасус:
"Можеби никогаш не сте помислиле дека вашата несекојдневна стрвост може да ви донесе пари од национален магазин или весник, ама и вие може да заработите од споделување на вашите искуства."

На Фејсбук страната на Сел мај стори, која инаку функционира како новинска агенција која ги снабдува британските публикации со вести, редовно се објавуваат повици и барања до читателите да им ги дадат нивните стории. Кај некој од нив може да се проверат фактите:

"Бараме фантастични стории за слабеење - и имаме да ви понудиме до 2.000 фунти! Зошто да не ни ја испратите вашата?"

Кај некои не:

"Дали сте откриле дека вашиот маж ви е неверен кога сте му нашле апликација за лични контакти на неговиот телефон? Имаме одличен хонорар за ваква сторија, па ако ова ви се случило вам разговарајте со нашата новинарка Џералдин."

А ова е од октомври:

"Дали сте стрвни за нешто чудно или јадете нешто чудно? Ни требаат три девојки за една статија на која работиме - веќе имаме две, па бараме само уште една."

На страната на компанијата пишува "Сел мај стори е водечка агенција во државата за продажба на приказни од вистинскиот живот на магазини или весници. Ние сме експерти за да ви ја договориме најдобрата зделка."

"И јас имам уште една мала молитва до машините, не да ме поштедат, туку да побрзаат," го завршува Херман својот текст.

13 декември 2014 - 13:08