Др. Ричард Смит објаснува дека добар дел од здравствените политики и препораки за исхрана на тема масти се базираат на многу погрешни и субјективни докази. "Контрадикторни резултати од студии кои ја оспоруваат парадигмата се систематски притајувани и игнорирани, а истражувачи со интерес во целата работа - како прехранбени компании - ја оформуваат агендата за студии, медиумите кои известуваат за исхраната и јавната перцепција."
Смит пишува дека нашите предрасуди против заситените масти се запечатени и ова има некажани последици на нашето колективно здравје:
"Читајќи ги сите овие книги и консултирајќи некои од оригиналните студии беше отрезнувачко искуство. Успешниот обид да се намалат мастите во исхраната на Американците и останатите низ светот беше глобален, неконтролиран експеримент, кој како и сите експерименти може да доведе до лош исход. Уште повеќе, ова има иницирано дополнителен пакет на неконтролирани глобални експерименти кои и понатаму продолжуваат."