Секојдневно успеваме да обавим многу операции исклучиво потпирајќи се на несвесниот дел од мозокот. Во многу случаи, колку повеќе го користиме свесниот дел, толку мзокот станува понеефикасен.
Уредничкиот борд на Вашингтон Пост го покани Трамп на разговор кај нив во редакција. Трамп, наспроти целиот муабет што го врти околу Пост (го напаѓале, биле нефер кон него), ја прифаќа поканата.
Што ако се е голема лага и физичката активност не помага во слабеење? Може да е и полошо, нови студии покажуваат дека вежбањето може и да го забави метаболизмот.
Добра приказна е ова. Освен гитарата, јетрата и здравјето, Ричардс отсекогаш одлично го служела и интуицијата. Во оваа приказна тој и Трамп не се среќаваат, ама, за да остане така, гитаристот на Стоунси морал да потегнува нож.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".
Зборот кој ги отвора железните врати на ирационалноста, и онаа нашата и онаа кај другите на науката ѝ е познат речиси 40 години. Ако се знае толку време, зошто ние не го знаеме тоа? Бидејќи.
Рокот е мртов, рапот кај и да е ќе умре, поп музиката е караоке а електронската музика е лајт шоу. Вака накратко изгледа рецензијата на денешните музички текови на најголемиот - што буквално што фигуративно - јазик на сцената, басистот на Кис, Џин Симонс.
Панкот одамна е мртов и тоа на најбизарен начин го потврди британската кралица која ја прогласи 2016-та за година на панкот (поголем сарказам од тоа нема). Но, мора ли и спомените од него да завршат в пепел?
Истакнати теолози и верски великодостојници од Британија, вклучително и бискупот на Англиканската црква, повикуваат на преоценка на ликот и делото на ученикот на Исус, чие предавство со милениуми е симбол на подмолност и користољубие.
Мобилни телефони, меилови, подготовки за состаноци, состаноци, интернет, социјални мрежи, оговарања... Пред модерниот вработен денеска постојат многу пречки за постигнување на саканата продуктивност. Испаѓа, на рударите блазе си им.
Иако ничија прва асоцијација на порното не е од аудио природа, музиката од овој жанр не е само 'bom chicka wow wow'. Има во тој свет одлични музички парчиња а во креирањето на саундтраци учествувале и ѕвезди од калиброт на АББА.
Кој барем еднаш се олутил, знае дека семките и оние жилички се најголемиот предизвик. Но, ниту сите пиперки се исто лути ниту пак сите на ист начин ја складираат својата лутина.
Џо Њуен ги минува последните 7 месеци обидувајќи се да ја увезе својата Тесла Модел Ес од Хонгконг во Сингапур. Само што влегува во кола завршува со казна за претерана емисија на штетни гасови. Не дека некој го мрази Џо, таков е законот во Сингапур.
Во 1903, кога нашите мажи биле зафатени со кревање востание, во една весела локална кафана во Велс Ривер, Вермонт, бил формиран најуспешниот клуб на „елегантно пополнети" господа. Нивната мантра била „Дебели сме и уживаме во тоа!, а мотото „Морам да бидам мирен по природа - не можам ни да се тепам, ни да бегам".
Што се однесува до експертите за јавно здравје, ним им останува уште да пробаат да одат од стан до стан и на секој човек посебно да му кажат да престане да троши пари на суплементи (витамини, мултивитамини и слично здравје во шишенце).
За понатамошна употреба важна е разликата меѓу постење како дел од исхраната, и постење како дел од религијата. Во првиот случај станува збор само за нејадење на одредена храна, во вториот ние само мислиме дека станува збор за нејадење одредена храна.
Сидарта Мукерџи, онколог кој доби Пулицер за дело околу историјата на ракот објаснува дека "ракот е најдобра смрт" и дека целата трка за откривање лек за ракот, многу повеќе влече кон создавање на совршен човек.
Британците пресметаа дека копирањето на моделот на Колорадо за легализирање на марихуаната (легална продажба на полнолетни лица преку лиценцирани продавници) годишно ќе им донесе околу 1,3 милијарди евра од данок, плус парите што ќе се направат во економијата.
Откако декември го заврши 30 дена по ред завиен во смог, Милано укина возење коли и даде попуст за јавен превоз. Годинава градот ќе ја фати работата со време, па одлучи да им плаќа пари на луѓето кои со точак ќе одат на работа.
Откако новата хрватска влада ја распушти Комисијата за непрофитни медиуми, Тпортал фаќа да истражува "каков е односот на државните министерства и медиумите, со нагласок на непрофитните, во останатите членки на ЕУ."