Смртта на Принц предизвика едно грдо препукување меѓу Шинед О Конор и комичарот Арсенио Хол кое својот епилог ќе го чека во суд.
Шинед го нарече Арсенио "дрољата на Принц и на Еди Марфи" и го обвини дека со години му бил дилер на Принц за што тврди дека веќе го имала пријавено кај властите.
"Секој што мисли дека Принц не беше долгогодишен зависник од наркотици си живее во светот на бајките," напиша Шинед која со прослави со песната на Принц "Nothing Compares 2 U". Таа тврди дека Хол и нејзе ја наклукал со дроги во куќата на Еди Марфи.
Арсенио Хол реагираше брзо со тужба за клевета од 5 милиони долари.
"Хол нема да седи со скрстени раце додека О Конор во желба да привлече внимание се расфрла со измислени и малициозни лаги на негова сметка," стои во тужбата.
Комичарот тврди дека со пејачката се немаат видено цели 25 години.