Француската вебстрана Demotivateur, доволно популарна за Гардијан и Њујорк Магазин да пишуваат за ова, објавува рецепт и видео за подготвување карбонара. Проблемот е што Французите си дале уметничка слобода во составувањето на традиционалното италијанско јадење.
Во францускиот рецепт наместо шпагети се користеле фарфали (оние машничките), а инструкциите биле дека целата содржина треба да се стави во тенџере и да се зоврие, што само по себе е грев бидејќи на тој начин сланината нема да биде доволно зготвена. Освен ова, Французите се дрзнуваат во рецептот да стават кромид и свежа павлака. Како врв на нивното непочитување е инструкцијата на крајот од подготвувањето врз пастата да се стави една жолчка, наместо таа да се измеша со остатокот од состојките како што е во традиционалниот метод.
Не можејќи да веруваат на сквернавењето на рецептот, италијанските медиуми борејќи се да задржат одредено ниво на кулинарско достоинство го обвинија сајтот дека за помалку од една минута уништил векови од паста традиции. Предводник во контраударот беше Ла Република, која издвои цела страна во своето печатено издание за справување со заканата, објавувајќи ги најдлабоките и проверени тајни за правење на перфектна порција карбонара.
Целата сторија добива пресврт кога се открива дека Demotivateur е "едиторијал партнер" на италијанскиот паста титан Барила, чии тестенини се прикажани и во видеото од навредливиот рецепт. Дури и Барила реагира во целта ситуација, укорувајќи го Demotivateur дека "претерал". По ова сајтот го трга видеото и рецептот од интернет.
Ова е канонски признаениот рецепт за карбонара на Антонио Карлучо: