Вечерно за родители што се противат на вакцинирање

Сите родители што ќе сакаат нивните деца да бидат исклучени од задолжителната имунизација ќе треба прво да минат научен курс на тема вакцинација, па потоа може да прават како сметаат со здравјето на своите деца.

Предлог законот на министерот за здравство на Канада следува во истата недела кога на речиси 600 канадски ученици им беше забрането да посетуваат училиште во Ватерло регионот, заради тамошната застарена евиденција за вакцинација и комбинацијата на епидемија на варичела во соседен Мичиген и епидемија на кашлица во Алберта.

"Иако најголемиот дел од децата можат да ги прежвеат овие болести, вакцинацијата има двојна цел; да се спречи ширењето на епидемијата и да се заштитат децата кои не можат да бидат вакцинирани од медицински причини," пишува Ешли Ксанади во Нешнл Пост.

Намерата на новиот закон е и да се ограничи до сега општата одредба која им дозволуваше на родителите по основа на "сопствено убедување или религиозни верувања" да бараат исклучување на нивните деца од редовната вакцинација. Грижата е и дека најголемиот дел од нив се информираат од погрешни извори и својата одлука не ја носат врз основа на научни факти.

На родителите кои и по курсот ќе се противат на вакцинацијата, ќе им биде дозволено да ги остават своите деца без вакцинација.

13 мај 2016 - 11:27