Процената е дека дрвјата имаат најдобар сооднос пари - ќар, ако се има предвид дека: го отстрануваат јаглерод диоксидот, го филтрираат загадувањето и создаваат кислород, ги апсорбираат дождовните води, УВ радијацијата и буката. Во нееколошки придобивки од дрвата се наведуваат: забавување на сообраќајот, зголемување на вредноста на недвижностите, намалување на стресот и истоштеноста.
Новак е еден од ко-авторите на апликацијата Ај-три, кој со помош на глобално позиционирање и алгоритми дозволува создавање на детален список на крошни во градовите и да се пресмета нивната вредност.
Во анализата во која го обработуваат градот Остин, тие проценуваат дека дрвата му заштедуваат речиси 19 милиони долари годишно во потрошувачка на енергија, 5 милиони од емисија на јаглерод диоксид, и придодаваат околу 16 милијарди долари во физички имот. Дрвјата вредат 3 милиони долари годишно во справувањето со загадувањето на воздухот (по основа на избегнати здравствени проблеми) и речиси 12 милиони долари заради количината на јаглерод што ја отстрануваат.
Новак моментално работи на покомплицирани математики со кои сака да измери како и колку дрвјата влијаат на намалувањето на стресот.
"Гледањето зеленило го намалува нивото на кортизол. Сакаме да развиеме индекс кој ќе покаже колку зеленило гледаш од кој било дел во градот, како твоето тело реагира на него, и која е неговата економска вредност," ја објаснува Новак својата работа на она што го нарекува индекс на "потенцијал на зелена сила".
Она што малку разочарува во неговите пресметки е дека во САД постојано опаѓа бројот на урбани дрвја, и тоа со стапка од околу 4 милиони дрвја годишно, на чие место најчесто доаѓаат згради или паркинзи. Ова е надополнето и со трендот за намалување на буџетот за одржување на дрвјата.