Ако сме прецизни, човекот е арборист (да, како Дејан), што во превод значи некој кој професионално се занимава со одгледување и изучување дрвја. И ретко кој станува арборист заради слава, туку најчесто тоа се прави од љубов кон дрвјата. На истиот овој човек, градските власти и придружен апаратчик предводен од градоначалникот решаваат да му го исечат 30-годишното здраво дрво во двор, затоа што почнало да им го поткопува тротоарот. Како што решаваат така и прават. По нив, доаѓа на ред тој.