Парите не растат на дрвjа, освен ако не живееш до нив

Живеење во населби со повеќе дрвја и зеленило не само што внесува аристократски нијанси во секојдневното битисување, туку и генерално го прави животот подобар.

Имањето 10 дополнителни дрвја во населба (во истражувањето - блок) има исти позитивни ефекти на здравјето како и покачување на приходите за 10.000 долари или да си 7 години помлад.

Студијата ја прави Универзитетот на Чикаго врз основа на податоци и сателитски снимки од зеленилата низ Торонто и 530-те илјади дрва во градот, во комбинација со здравствени податоци за луѓето во тој реон. Во основа на секои десет дрвја плус, за 1% се зголемувало колку здрави се чувствуваат испитаниците.

Освен самото дрво еден од клучните фактори била и неговата локација. Здравствените бенефити имало само кога луѓето живееле во близина на улици со дрвја од страните, ама не и кога дрвјата биле во парк. Едно од објаснувањата е дека "дрвјата имаат ефект кога луѓето имаат многу контакт со нив, заради што нашата хипотеза е дека тоа се оние кои се посадени покрај улица (а не во парковите)".

4 август 2015 - 13:47