Предлогот доаѓа од научници од ЕТХ универзитетот од Цирих (Eidgenössische Technische Hochschule), кои тргнуваат од тоа дека дрвјата се „нашето најмоќно оружје во борбата против климатските промени“.
Томас Краутер од ЕТХ тврди дека глобална акција за садење дрвја би имала поголемо влијание на животната средина на планетава отколку изградба на ветерници за производство на струја или префрлање на вегетаријанска исхрана. Ваквиот подвиг би поништил цела деценија загадување со стакленички гасови.
Друг аргумент што Краутер го има во корист на дрвјата е што за разлика од компликуваните системи за решавање на климатските промени, дрвјата се убави затоа што секој може да посади дрво и да помогне.
„Тоа е убава работа затоа што секој може да се вклучи. Дрвјата буквално ги прават луѓето посреќни во градските средини, го подобруваат квалитетот на воздухот, квалитетот на водата, храната, екосистемот, тие се така лесна, опиплива работа,“ објаснува Краутер.
Проблемот со математиката на Краутер е што за нејзино исполнување во пракса секој еден човек на планетава (бебиња, стари, млади, сите до еден...) би требало да посадат по 143 дрвја.