Здраво,
Јас сум арборист. Ова значи дека сум професионалец во култивација, менаџмент и изучување дрвја. Сакам дрвја. Мислам дека тие се едни од најубавите, највеличествените, антички живи суштества на нашата планета.
Денес сум тука за да ви раскажувам за смртта, новиот живот, и одмаздата. Пред три години, градскиот совет на Редондо бич, Калифорнија, ја нареди смртта на моето 30-годишно дрво (Schinus molle). Неговите корења почнаа да го пробиваат плочникот пред мојата куќа. Градот забележал и издал смртен налог за моето дрво. Плус тие ме натераа да платам за оштетувањето на плочникот и за отстранувањето на дрвото.
Го сакав Клајд. Почнувам да стареам, и садењето нешто што знаев дека ќе живее и по мене беше нешто многу специјално. Многу добро се грижев за него. Ја цедев почвата, го потпирав кога беше младо, и го гледав како расте. Како што Клајд стануваше силен и здрав, ширејќи го својот систем на корења, развивајќи ја крошната, и напредувајќи, така градоначалникот сам си даде за задача да го откорне моето убаво дете.
Градоначалнику Стив Аспел. Ти го уби моето дете.
За ова ќе платиш. Пред две години и седум месеци, јас тајно посадив 45 калифорниски секвои и 82 џиновски секвои во најразлични паркови, дворови, и останат државен јавен простор низ твојот град.
Денес, системот од корења на секое од овие дрвја има дијаметар од најмалку 9 метри, и е длабоко зафатен во почвата. Може си ги забележал дрвјата што ти растат пред градскиот совет, или тоа новото што изникна кај тебе во двор. Тоа е џиновска секвоја, и нејзиното растење ќе почне рапидно да се забрзува во следните месеци.
Ти го уби Клајд, ама јас го заменив него со над 100 живи џинови. И тие ќе станат огромни. За неколку години ќе можат да постигнуваат висини од 30 до 90 метри, а ќе живеат повеќе од 2500 години. Тоа е многу повеќе отколку што има од раѓањето на Исус. За да отстраниш барем едно од нив, во овој момент, ќе те чини над 1500 долари... И јас те оставам тебе со сметката за тоа, исто како што ти ми го направи тоа пред 3 години, на денешен ден.
Имајте убав ден господине. Нека вашиот град биде преплавен со дрвја. И Клајд нека почива во мир.
Фото од џиновска секвоја: