Ако некогаш не можете да ја видите шумата од дрвјата, тоа е можеби само затоа што надвор дрвја има - многу. Далеку повеќе отколку што науката досега очекуваше.
"Се запрепастивме бидејќи навистина дојдовме до астрономска бројка," соопшти доктор Том Кроутер, водачот на меѓународната екипа експерти која го изведувала пописот. "Според претходните проценки кои се темелеа исклучиво на сателитски снимки, опериравме со бројка од 400 милијарди. А ни испадна бројка со 12 нули."
Не сметајќи ги македонските фудбалери, на нашата родна планета живеат 3,04 трилиони. Тоа се три илјади и четирисет милијарди дрвја.
По пат има и две лоши вести:
- годишно се сечат 15 милијарди дрвја.
- денес на располагање имаме 46 проценти дрвја помалку отколку кога го започнувавме проектот наречен цивилизација.
Пописот е правен и со сателитски снимки, но главно со помош на податоците од таканаречената шумска инвентура, при што дрво е дефинирано како растение со минимален дијаметар од 15 сантиметри.
Со најголема густина се шумите од суб-арктичките региони на Русија, Скандинавија и Северна Америка, а најголеми шумски површини има во тропскиот појас кој е дом на околу 43 % од сите дрвја на светов.