Технологијата што ја нуди Биокарбон инженеринг работи во неколку фази. Во првиот чекор дроновите од висина од 90 метри го мапираат просторот на кој треба да се посадат дрвјата. Во мапирањето се собираат податоци за топографијата и квалитетот на земјиштето, кои потоа се користат за наоѓање на најдобрата локација за садење и најдобрите видови.
Во втората фаза, дроновите, летајќи многу пониско, следат однапред изработена мапа на која е обележано каде треба да ги исфрлат капсулите со семе и хранливи материи. Секој дрон може да носи неколку различни видови семиња. Капсулите се исфрлени доволно брзо за да можат да пробијат во почвата.
Технички еден пилот може да контролира максимум 6 дронови истовремено, кои заедно можат да посадат 100.000 дрва. Прецизноста во садењето од дронови е со варијација од само неколку сантиметри.
Процената на Биокарбон инженеринг е дека дроновите се барем 10 пати побрзи во садењето отколку луѓето, а самиот процес чини барем 50% поевтино.