Таг: пошумување

Што е со дрвјата и Јутјуб?

Да не им баксузираме со нашиот „Ден на дрвото“, Јутјубери решија да се организираат и да соберат пари за да ја пошумат планетата со 20 милиони дрвја. Во нивната математика, слично како и во гореспоменатиот „Ден на дрвото“, една садница чини 1 долар.

Кинески шумски фронт

Како дел од борбата против загадувањето Кина распореди 60.000 војници од својата армија на садење дрва низ земјата.

Кај што Викинг ќе удри, таму дрво не расте

Викинзите ги испосекле шумите на Исланд уште пред илјада години. Oттогаш, овие што сè не пробаа да ги вратат. И нејќе па нејќе.

Ден на дронот

Како замена за легии административци што од нивната неонска со ламинат поплочена природна средина ќе ги вадиш на воздух и дневна светлина, американски старт-ап нуди флота дронови кои имаат капацитет да засадат 100.000 дрвја на ден.

За чемпресите

Едни од најзастапените дрвја во градските средини се чемпресите. Тие се најчест избор и за пошумување. Таа група е доста голема и богата со видови. Има медитерански, аризонски, лажен, лејландов чемпрес, безбројни хибриди и култивари, разно-разни форми (свеќасти, топчести, полегнати), во најфини нијанси на зелено и сино. Што треба да знаете за нив ако планирате да си посадите дома едно или неколку од нив?