Сефтето на Аксл Роуз со AC/DC

Да не им успееше ова, бендот ќе требаше на бајачка да оди.

На AC/DC последниве години им се случија невидени баксузи: прво основачот Малколм Јанг го напушти бендот заради деменција и неможност да ги памти песните, па тапанарот Фил Руд замина заради кривични пријави па пејaчот Браjан Џонс мораше да се симне од сцената поради опасноста од трајно губење на слухот па фановите им се навртија заради начинот на кој се простија со него па заменскиот пејач Акс Роуз скрши нога.

Ама, "триумфално", вика Ролинг Стоунс, "триумфално" вика Гардијан за нивниот прв настап со новиот пејач на концертот во Лисабон од 7 мај.

А еве една корисна и оптимистичка порака до Брајан Џонсон:

*******************

Види и:

Парадоксот на AC/DC

Џастин Тимберлејк и правилото "AC/DC"

 

9 мај 2016 - 12:28