Аспегеровиот синдром е развојно пореметување кое се карактеризира со сериозни потешкотии во социјалните интеракции и невербалната комуникација кои се придружени со ограничени интереси и репетитивни модели на однесување (како детево на сликата кое го занима само редење на конзерви што може цел ден да го прави). Се разликува од потешките формуи на аутизам по релативно нормалниот јазик и интелигенција.
Симптомите започнуваат пред две годишна возраст а пореметувањето обично трае цел живот но синдромот може да биде долго време недијагностициран а симптомите да се препишат на нечија неспретност и трапавост.
Таков е и случајот со Џон Елдер Робисон. Негов фетиш биле струјните кола и звучните бранови. Затоа во 70-тите станува успешен човек креирајќи специјални гитари кои ги користеше бендот KISS. Подоцна прави и играчки за една позната фабрика.
Неговиот Аспергер останал без дијагноза но тој ги чувствувал слабостите и недостатоците кои ги има. Пробал еден експериментален метод кој му помогнал да ги сфати и конечно да ги почувствува емоциите. Тој свет одеднаш се отклучил пред него.
"Иако цел живот верував дека тоа што сум слеп за емоции е сериозен недостаток, кога ме заплисна бранот емоции на сите околу мене, тоа едвај го преживеав".
Тоа мало медицинско чудо не минало без последици и жртви. Откако ги сконтал емоциите, Робисон се разведува бидејќи му пречела депресијата на неговата жена.
Слушнете го интервјуто со него направено од бостонското радио WBUR.
Инаку Робисон е брат на Августин Бароуз, познат по бестселер мемоарите "Running with Scissors" по кои беше снимен и филм Со Анет Бенинг, Алек Болдвин.... На Августин Апсергерот му бил дијагностициран на 40 годишна возраст.