Жената вели дека тоа било единствената шанса да го спасат бракот и дека финтата им функционира одлично веќе 8 години.
Во брак биле 31 година, исполнети главно со постојани препирки заради различните карактери. Тој е интровертен, не фермал многу забави и нејќел да си го оптоварува мозокот (таа така го опишува), а таа, нели, била чиста спротивност.
Оделе на брачни советувалишта но примирјата им траеле кратко. Децата им се големи и си живеат башка, што и тие посакале да го пробаат па сега се секој во својата куќа.
Се гледаат 6 пати неделно, а неколкупати во седмицата знаат и да преспијат кај другиот.
"Обично тој доаѓа кај мене, јас имам подготвено вечера, палиме свеќи и поминуваме романтично", раскажуваа таа.