Колку подолго пишувате, толку коментарите ви стануваат поглупи

Колку и да е вистина дека има коментари кои се толку вонсериски идиотски да не може да им се прости а желбата да се докаже тоа човечка и разбирлива, трошењето часови и часови на објаснување нема да ви помогне да размислувате појасно и попрецизно.

Напротив, со бескрајно продолжување на расправијата коментарите стануваат сè поглупи и помалку кохерентни, покажа истражување на Универзитет во Јужна Калифорнија а пренесува Хафингтон Пост. 

Анализирајќи над 40 милиони коментари на социјалната мрежа Редит, научниците утврдиле дека луѓето кои поминуваат над еден час оставајќи коментари на една тема, имаат тенденција да пишуваат сè помалку занимливи и софистицирани поенти кои добиваат сè помалку одговори или други реакции.

"Колку расправата станува подолга, толку вашиот јазик станува сè помалку комплексен и попрост а содржината на постовите сè помалку ги интересира луѓето," вели ко-авторот на студијата.

Ваквото истражување потврдува резултати на претхоdни студии кои докажаа дека колку повеќе време посветуваме континуирано обавувајќи една иста активност, толку полоши стануваме во неа. Како можна причина за ваквата појава се наведува фактот дека во одереден временски интервал луѓето можат да обработат одредена количина на информации и вештини односно дека со текот на времето, доаѓа до замор на мозокот.

Авторите планираат во наредните фази да ги проверат состојбите и на други социјални мрежи како што е Фејсбук и Твитер.

7 мај 2016 - 17:49