Извештај на Оксфам Америка, покажува дека иако индустријата за пилешко е прилично внимателна да им каже на своите потрошувачи какво месо јадат - органско, без антибиотици, одгледувано на отворено - нема никаква информација за работниците што истото го пакувале.
"На работниците во живинарската индустрија речиси рутински не им е дозволено да одат во тоалет. Тие ја вршат нуждата (голема и мала) додека стојат на лентата за обработка на месо, заради што носат пелени на работа; и го ограничуваат внесот на течности до опасни нивоа; трпат болка и нелагодност додека се грижат за своето здравје и сигурност на нивната работа," пишува Деби Берковиц во текстот за Кварц.
Нејзиното искуство од истражување на индустријата покажува дека работниците речиси редовно стојат рамо до рамо еден со друг, во два реда, свртени со грб пред долги фабрички летни додека во раце постојано имаат ножеви или ножици, и сето ова во студени, влажни и гласни услови, правејќи ги истите движења илјадници пати на ден.
"Просечна фабрика обработува 180.000 птици на ден. Просечен работник минува 40 птици во минута," пишува Берковиц.
Затоа што американската живинарска индустрија го има оптимизирано трошокот околу птиците до последен цент, единствено место каде што можат да направат разлика се работниците, кои или треба повеќе да работат или треба помалку да ги платат.
Во извештајот на Оксфам се наведува дека работниците сега се борат да добијат право на пауза за тоалет, кога имаат потреба, нешто што е регулирано и гарантирано со американските закони. Анкета меѓу работници во Минесота покажала дека 86% од нив неделно добивале само по 2 паузи за тоалет.
Околу кокошките: