Рестораните треба да го преземат 'својот дел од одговорноста" за националниот проблем на вишокот килограми, вели една британска асоцијација на локални власти која препорачува на гостите да им се дава обична вода пред тие да дојдат во искушение да нарачаат друга пијачка која содржи шеќер.
Според нив, обичната вода треба да се најде на секоја маса по дефиниција а не да се чека таа да биде побарана, бидејќи на некои им е незгодно да ја нарачаат а други забораваат дека ја имаат и таа опција.
Еден од 8 луѓе во Велика Британија велат дека им е незгодно да побараат обична вода од келнерите.
Неодамнешна студија од Кембриџ покажа дека избегнувањето една чаша сок дневно го намалува ризикот од добивање дијабетес од типот 2 за 25 проценти.
Здравствените проблеми со дебелината, Обединетото Кралство годишно го чинат 47 милијарди фунти, половина од вкупниот буџет на националниот здравствен сервис.
Трошоците за поправка на расипаните заби кај децата, во последните 5 години се зголемиле за 60 проценти.