Розовата хималајска сол е една од најчистите (и најскапите) во светот. Се ископува во Кевра рудникот во Пакистан, каде го носи прекарот "белото злато."
"Магичноста" на солта се должи на тоа што таа пред 200 милиони години била затрупана со лава. Таква останува со векови а згора дополнително е покриена со уште еден слој снегови и мраз. Како таква, таа преставува една од најчистите соли на Земјата.
Целото време минато под Хималаите, ја прави солта богата со минерали. Има речиси 80 минерали, вклучувајќи фосфор, бром, бор и цинк. Плус на сето ова има помалку натриум од обичната сол.
На приказната се надоврзуваат и "ентузијасти" како Др. Оз кој верува дека таа има вонредни здравствени бенефити по најразлични основи.
Наспроти сето ова се нутриционистите кои тврдат дека таа не е толку здрава како што луѓето мислат. На пример Рене Фичек, водечкиот експерт од Сатон Хелти Итинг, објаснува "розовата сол е прилично популарна во моментов, ама нејзините здравствени бенефити најверојатно се на големо преувеличени."
"Вистината е дека количеството на минерали во нејзе е претерано мало за да направат каква било разлика, а ние веќе ги консумираме истите хранливи материи од други елементи во нашата исхрана - житарки, зеленчуци и месо," објаснува Фичек.