Читателк/а:
Дали апсорбирам повеќе шеќер и калории кога консумирам овошје и зеленчук во форма на смути, наспроти тоа да ги јадам цели?
Одговор:
Многу е веројатно дека внесуваш повеќе калории и шеќер кога пиеш смути, отколку кога јадеш (џвакаш) цело овошје и зеленчук, тврди Сара Кригер, регистриран лиценциран нутриционист која зборуваше за Академијата за Нутриционизам и Диететика, професионално трговско здружение. Смутијата имаат "ореол на здравје" кој може да лаже, меѓутоа "најважна е количината, а луѓето често пати консумираат смутија од 0,6 или 0,7 литри. А тоа е многу."
Дури и дома да правиш смути, користејќи само овошје и зеленчук без додадени состојки, можеш да го испиеш за само неколку минути, споредено со 15 до 20 минути што ќе ти требаат за да го изедеш истото овошје или зеленчук кога би биле цели, објаснува Кригер. И ако редовно пиеш смутија, веројатно внесуваш многу повеќе овошје отколку што инаку би внесувал.
Хранливите влакната во целото овошје "функционираат како мрежа" која го забавува процесот во кој телото го претвора шеќерот од храната во шеќер во крвта, објаснува Кригер, и иако и смутито содржи влакна, тие се здробени во блендерот. Како резултат на ова многу е веројатно да се чувствуваш уште погладен кратко време откако си испил смути, отколку кога истото овошје или зеленчук цело би го изел.
Во случај ако не го спремаш сам смутито, тогаш пази. Комерцијално подготвените или купени од продавница смутија, често пати содржат додаден шеќер, мед или друг засладувач, протеин во прашок кој често пати е засладен, или млеко, или јогурт, или путер од кикирики или други состојки кои ги прават позаситувачки - и повкусни - меѓутоа и додаваат калории.
"Тоа што во него има листест зеленчук тоа не го прави само по себе ниско-калорично. Тенка е линијата меѓу смути и милкшејк," порачува Кригер. На пример, Хулк Стробери смутито од 0,6 литри на Смути Кинг, е направено со сладолед од јатки и путер и содржи речиси 1.000 калории.
Комерцијално подготвените смутија не секогаш се и подготвени од цело овошје. На пример, базата за јагода за смутито од јагода на Старбакс, е составена од пире од јагоди, концентрат од сок од бело грозје, природни вкусови и боја за храна (исто така содржи и банана, мраз, млеко, хранливи влакна и протеински прашок). Смутито од 0,5 литри има 300 калории.