Живот и забава

Има бетер и од Нобелова

Контроверзите околу Нобеловата награда за мир постојат со децении. Од фактот дека ја има добиено еден злотвор како Кисинџер ама не и тип како Ганди па до последниот лауреат од Колумбија чиј мировен план беше одбиен на референдум. Но, та не е саде Нобел, та не е саде мир.

Како болките во грбот го покорија светот

Добра вест е дека луѓето во просек живеат една деценија подолго отколку во 1980. Лоша вест е дека ова не се должи на подобро здравје, туку на подобри лекови кои можат да нè истераат уште некоја година.

Атлантик се кандиса

Атлантик е еден од највоздржаните американски магазини за време на избори. Во своето постоење (пазете, постојат 159 години!) само во два наврата поддржале некој кандидат за претседател. И еве сега се појавува Доналд Трамп.

Можеме да тераме до 115 години

Иако со децении расте долговечноста на човекот, проценките велат дека плафонот на нашиот рок на траење е некаде на 115 години. За после тоа ќе ни треба некое ново (научно) чаре.

Науката се заинтересира за ѕуниците

Виножитата консенсуално ги сакаме и тука нема збор. Но, како и со некои други љубови, тоа што ги сакаме не значи и дека им обрнуваме доволно внимание.

Науката се заинтересира за ѕуниците

Виножитата консенсуално ги сакаме и тука нема збор. Но, како и со некои други љубови, тоа што ги сакаме не значи и дека им обрнуваме доволно внимание.

Како Џејми Оливер ја обедини Шпанија

Се распрснаа стравовите дека Шпанија е неповратно поделена земја после двата општи избори кои завршија без конечен победник и речиси едногодишната политичка пат позиција. Народот конечно покажа единство, на голема жал на Џејми Оливер. Да бевме и ние како нив па да се побуневме кога почнаа да прават пилешки пастрмалии.

Мрсни сирења и кашкавали: може

Една ретка заедничка особина на диетите што ги познаваме (значи, сме читале за нив и сме си се излажале дека некогаш ќе ги пробаме) е дека кај сите се исклучени сирењата, кашкавалите, кајмаците и слични млечни оргазми. Е, па, драгичка. 

Глувци против луѓе

И покрај непроценливиот ПР кој со правеше дизниевиот Џери, не успеавме да ги засакаме. Нема некој кој повеќе ги потепал од нас, а и ние кумулативно немаме загинато повеќе од друг цицач. Се проценува дека се ближи крај на милениумската војна и војната ние ја добиваме. Но, оваа проценка е направена од луѓе. Втората страна се нема изјаснето. 

ЦЕО-то на Боинг вети дека ќе стигне на Марс пред Маск

Боинг е компанијата која му помогна на САД да го победи Советскиот Сојуз во испраќање човек на Месечината. И покрај неколкудецениската предност Боинг моментално каска зад Спејсикс на Елон Маск во истражувањето на вселената.

Па ова нема крај

Сето она што до сега беше фикс во држењето диети, јади месо и салата и ич да не му ја мислиш, излезе дека е сосема погрешно, требало да се јадат јаглехидрати.

Зошто капитализмот создава бесмислени работни места

Во 1930 Кејнс предвидува дека до крајот на векот технологијата ќе биде доволно напредна за земји како САД и Велика Британија да можат да си дозволат 15-часовна работна недела. Иако технолошки сме сосема способни да го направиме ова, сепак предвидувањето на Кејнс не се остварува.

Oтворено писмо на сопругата на Робин Вилијамс до докторите

Вдовицата на Робин Вилијамс, кој си го одзема животот во 2014, детално ја раскажува одисејата низ која таа и нејзиниот сопруг поминале при крајот на неговиот живот. Нејзината цел - да им порача на докторите да не се откажуваат од потрага по причината за неговата болест. и по можниот лек.

Како идиот навлече милиони луѓе на омраза?

И покрај тоа што од уредник на еден од најеминентните магазини во 30-те години, е опишан како "полу-нормален бељаџија," "патетичен ќутук," "будала" и "галамџија", Адолф Хитлер успева да дојде на власт во "земјата на Гете и Бетовен." Прашањето е што убедило милиони Германци да го прифатат Хитлер и неговата доктрина базирана на омраза.

Работничко самоуправување на амстердамски начин

Амстердамските ченгии покренаа бордел кои самите ќе го управуваат и менаџираат. Ваквото ОЗТ е помогнато од градската управа и една од најголемите холандски банки.

На Гордон Ремзи му забраниле да доаѓа на родителски

Повеќето пати не доаѓал на родителските средби кај своите деца, а кога дошол на една, посакал селфи со класната. Утредента добил меил од школото.

Тито во Индија беше како рок ѕвезда

Велес можеби го заборави ама Индија не. Таму Тито со децении е едно од најпопуларните странски имиња кои им се даваат на деца. "Свесен сум за Титовата големина, се надевам дека еден ден ќе бидам достоен на името кое го носам", вели музичарот Тито Гуха.

Драмата околу доделување Нобел

Иако на површина изгледа како најбеспрекорната церемонија за доделување награди во светот, под хауба Нобеловата награда има сплетки и кодошење на ниво на балканско бирање кандидат за Евровизија.

Исфрлање камен од бубрег, забавна варијанта

Можете да заборавите на сите оние бљак чаеви, скокање на една нога, ласери и (скраја да е) хируршки скалпери. Се што е потребно за ова да успее кај нас е здравството да инвестира во макар и малецок, ама јак ролер-костер.

Сè е сјебано, научна перспектива

Дали стварно мислиш дека ќе ги излечиш светските болести, ќе најдеш решение за климатските промени, и ќе го издигнеш човештвото преку технологија? Нема - затоа што сè e сјебано, им се порачува на младите научници во воведот на предметот "Сè е сјебано".

Ризикот од ЛЕД улични сијалици

Откако ЛЕД уличното осветлување почна да се омасовува низ американските градови, Американската медицинска асоцијација седна да направи посериозна студија која на крај ги потврди претходните тврдења - ЛЕД сијалиците емитуваат невидлива сина светлина која може да го наруши сонот и потенцијално да го зголеми ризикот од рак и срцеви заболувања. Бонус, ЛЕД автомобилските светла ноќно време го влошуваат гледањето.

Не, парите што ги даваш за дрога не го финансираат тероризмот

Претворањето на исламските милитанти во организација финансирана со пари од продажба на дрога е брилијантен начин во исто време да удриш по џихадистите, и да му наметнеш грижа на совест (и основа за помагање на тероризам) на секој вклучен во купување и продажба на дрога. Плус, е совршено прифатлива приказна за медиумите и секој што е задоволен само со читање наслови на вести.

Зуко Џумхур, скроз наш чоек

Никогаш не можеш да ги отстраниш своите мани ама никогаш и не смееш да престанеш да ги таманиш. Ако си упорен и не се предаваш, после децении може да ти се случи во огледалото да го видиш насмеаниот и смирен себе. Ако потепаш доволно свои зла, под сите нив избива ведрина. Се појавува насмевка. Ќе ги растегнеш своите таралки од уво до уво и ќе си кажеш себе си: "Па, да му ебам пиперот, може и не испаднав толку лош...."

Зошто лутото ни е слатко?

Иако практично е нервен отров, многумина го обожуваат. Има тука и еволутивни причини, има нешто што се вика хедонистичка контра а има и потреба од возбуда (кога веќе нема секс).