На пар изборни циклуси во оваа јужноамериканска држава важеше правилото телевизиите во државата да не смеат да наплаќаат за емитување на предизборните кампањи на партиите, а времетраењето на пренос на излагањата на кандидатите да зависи од тоа колку постигнале на претходните избори.
“Јас сум Томас Диаз и најважната работа што треба да ја знаете за мојата кампања е...“ било сè што можел за две секунди да изусти независниот кандидат за претседател Томас Диаз.
Родриго Гарсиа Пиноче, внук на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче, кој поднел кандидатура за во конгресот, мудро ги искористил своите две секунди објавувајќи на телевизија само фотографија на која што тој е со неговиот дедо и мајка.
Ваквиот режим на промовирање не ги обесхрабруваше помалите кандидатите, ако се има предвид дека Роза Гонзалес забележа успех на изборите иако во телевизиската порака не успеала да си го доискаже ниту името.
“Работа! Работа! Работа!“ извикувал Семјуел Веласко во дозволените две секунди за кампања и ги добил изборите.