Хомеопатија:

Овој лек не работи

Американската федерална комисија за трговија ќе бара од производителите на хомеопатски што-и-да-се-тоа јасно да обележат дека нивните производи не функционираат.

Огромен е пазарот за хомеопатските иљачи. Само во 2007, само во САД, луѓето дале 3 милијарди долари за производи од овој контроверзен систем за алтернативна медицина создаден во 1796 од Семјуел Ханеман и оттогаш упорно оспоруван од официјалната наука и медицина.

Сега американската влада бара производителите на вакви средства да мора да приложат докази за нивната ефикасност. Во спротивно, на своите производи ќе мора да стават видлива ознака дека "не постојат научни докази дека овој производ функционира."

Во белешката на американската федерална комисија за трговија се наведува дека некои хомеопатски производи се толку разводнети што веќе не ни го содржат елементот кој би требало да биде клучен за функционирање на лекарството.

На тема хомеопатија го имаме пишувано и ова 

21 ноември 2016 - 20:22