Кованицата е mansplaing и се однесува на досега непокриен проблем во машко - женските односи: кога маж со патронизирачки - сега јас све ќе ти објаснам - тон ѝ објаснува на жена работи која таа веќе ги знае.
Накратко, кога непотребно ја дрви.
Таквите, ако имаат женско покрај себе, веќе им ја објаснуваат оваа статија.
Работничкиот синдикат во Шведска издејствува отворање хот-лајн на оваа тема на која жените можат да се пожалат на ваков проблем во својата работна или домашна средина или пак да побараат совет од 20-тина експерти за родови прашања, автори и интелектуалци кои дежураат крај линиите.
И постои заинтересираност, главно за поплаки на напорни колеги кои гушат со својата помпезност или пак умеат да го соберат за себе кредитот од некоја завршена обврска.
Инаку, кованицата од “explain” и “man” - стана популарна кога за ова пишуваше историчарката Ребека Солнит во 2008-ма година во својата книга "Мажи ми објаснуваат работи."
Во тоа дело е вклучена анегдота кога на некоја забава, самоуверен мажјак решил да ѝ објасни "една многу важна книга".
Црепот немал идеја дека книгата со која решил да ја просветли својата нова соговорничка всушност е напишана од неа.
Поврзано: Дали сте „мажјаснувач“?