Настинката е единствено нешто што луѓето го мразат повеќе од својата работа, а и покрај сè што е изменето и подобрено во работните услови во последните 150 години луѓето остануваат несреќни на работа.
Еден од условите за американските органски млекари е на кравите да им биде дозволено секојдневно да пасат (во сезона на растење) - односно да бидат хранети со трева и да не бидат затворени во штали. Во земја во која органскиот пазар годишно вреди 40 милијарди долари излезе дека ова е речиси неизводливо.
Погрешнo е затоа што без разлика на големината, животните се празнат за отприлика исто време. Дали е човек, куче, фока или слон - 12 секунди (горе-долу). Спремни да се задлабочиме во оваа физика на изметот?
Во многу наврати сме ја поттикнувале мрзата и денгубењето како животен стил кој забрзаниот апетит на капитализмот и глобализацијата го смета за природен непријател. За среќа, и на капитализмот му станува јасно дека магарето некогаш треба и да одмори, бидејќи и утре треба да биде товарено.
Од овој текст ќе научиме две работи: што е медијана, и дека стажантите (најдолниот вид работници во кој било корпорациски ланец на исхрана) во Фејсбук се платени 8.000 долари месечно.
Текстот за Вашингтон пост го пишуваат три специјалистки (докторки и професорки) за дијабетес, и го почнуваат со случајот на една госпоѓа (со навика да пие цеден сок секој ден) која оди на доктор за редовна проверка, а од таму излегува со дијагностициран дијабетес. И ова ништо посебно не ги зачудува трите, "цело време гледаме вакви пациенти, кои од една или друга причина веруваат дека цедениот сок е здрава храна."
Сер Исак Њутн беше револуционерен математичар, астроном и и физичар, еден од најголемите умови на сите времиња. Па сепак, последните години од својот живот ги минува по пабови и пристанишни биртии и тоа маскиран, за да лови фалсификатори на пари и да ги праќа во смрт.
Лесно е да се советува да се пие умерено. Но, најновите научни сознанија го олеснуваат и избегнувањето на ваквиот совет: Како да пијам умерено кога толку ме боли?
На научниците со деении им е јасно дека она што го јадеме може да го менува балансот на бактериите кои ги имаме во дигестивниот тракт. Но, се чини дека се работи за двонасочна улица: и бактериите имаат влијание врз одлуката што ќе го одбереме за јадење.
Ревизијата на НАСА покажува дека на американската вселенска агенција не само што и снемуваат одела за мисиите, туку и дека во скоро време нема да може да набави нови.
Нема ништо понадразнувачко од обидот на оние во вашата околина да ви ја намалат тензијата со тоа што ќе ве советуваат „Да не се секирате“. „Па што не кажувате вакви работи?“ - ви иде да крикнете, оти облачното расположение се растерува баш така. Но можеби има нешто во тоа да не олабавувате и да продолжите да се секирате. За ваше добро.
Зделката што ја нуди една холандска компанија е: посвојуваш кокошка и за тоа плаќаш годишна претплата, а за возврат бесплатно добиваш јајца. И ова вака им успева веќе неколку години.
Во Глазгов се отвора теретана која на нашки би се викала „дремара“. Наменета е за подобрување на вкупното психо- физичко здравје а од посетителите ќе се бара вредно да одремат 45 минути. „Сонот е потценет“, велат менаџерите. Комплетно се согласуваме, особено што јавето вака упорно нè разочарува.
На општо неочекување Волт Дизни студиото направи масовен апдејт на распоредот на премиери на свои филмови што треба да се појават во кино до крајот на 2020.
„Тоа со што се занимаваш не е најдобриот бизнис ама бизнис моделот ти е добар“, му рекол американски судија на дилер на метамфетамини охрабрувајќи го да проба да ги искористи своите очигледни бизнис таленти за нешто добро.
Во доба кога претседателот на САД прекрива со злато речиси се што поседува, парите почнуваат да ја губат моќта на статусен симбол за вистински богатите луѓе. Ама ова нема никаква врска со него.
Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.
За само 425 долари можете да изгледате како пред пет минути да сте товареле даски и цемент. Ако има правда, така облечени ќе си најдете женска која се носи како да сте ѝ втор.
Телевизискиот норвешки формат специјализиран за урнебесно бавни случувања (на пример, риалити шоу со плетење) сака да ги помести границите на досадата. Планира непрекинат 168 часовен пренос од преселба на едно крдо елени. Од минута во минута!
Човечки е да се претпостави дека луѓето разумно ги одбираат оптималните рути за стигнување до некое место во градот. Но, исто така човечки е да се биде неразумен.
Преку 90 познати фаци од САД добија предупредување во иднина на своите фанови да им откриваат кога се платени за да препорачаат некој производ. Инстаграм и другите платформи се станат елдорада на скриеното рекламирање и таргетирање млади луѓе.
Во саботата стотици илјади само-прогласени поддржувачи на науката излегоа на над 600-те итерации на Маршот за наука низ целиот свет, и покажаа колку не ја разбираме науката.
Нуспојава од тоа што Стокхолм се намести како глобален центар за индустриски големи дата-центри е што имаат вишок топлина со која мора некако да се справат. Нуспојава од тоа што се Швеѓани е што оваа топлина ќе ја искористат на најкорисен можен начин.