Парот што две години живееше на паркингот на Гугл

Технички се бездомници, практично не се. Иако состојбата им е - живеат во комбе на паркинг, во пракса мажот веќе неколку години е вработен на Гугл. Не дека му доцнат со плата, туку им се заарнило вака, ем поевтино е.

Пит и Кара се на своите последни 50 долари кога на Пит на телефон му се јавуваат од Гугл за интервју за работа. Треба да патува над 100 и нешто километри, со последните пари, за Пит да стигне на интервјуто. Решаваат да одат.

Интервјуто го минува за нешто повеќе од една минута и станува дел од тимот на Гугл за автономни возила.

Се пакуваат во комбе и се селат за Сан Антонио. Во прво време, додека да легне прва плата, се паркираат по улици низ градот и таму спијат. Потоа се пуштаат во извидница на кампот на Гугл, наоѓаат место за паркирање и таму остануваат.

 

 

1 јуни 2017 - 15:06