Во август минатата година извесна Катрина Букман прави селфи со апарат во Ресортс ворлд казино во Њујорк, на чиј екран е испишано "се печати потврда за 42.949.672 долари".
Радоста трае од моментот на селфито до првиот контакт со луѓето од казиното, кои вечерта ја испраќаат нејзе вон објектот за утредента да и кажат дека може да и бидат исплатени само 2,25 долари (не е печатна грешка, нема милиони во сумата).
Букман го тужи казиното за добивката што била испишана на нивниот апарат, плус бара оштета за нервозата и депресијата предизвикани од одлуката на казиното ништо да не и биде исплатено.
Портпаролот на Ресортс ворлд порачува дека во времето на добивката машината била "очигледно расипана", а од њујоршката комисија за коцкање изјавиле дека машината имала налепница на која пишувало "во случај на дефект сите игри и исплати не важат".