Дневните брифинзи во Белата куќа се угледна вашингтонска традиција иако не е без критики. Некои стари репортерски волци сметаат дека медиумите на нив би можеле да ги пуштаат и своите стажанти бидејќи се бесцелни во информативна смисла и нивната вредност се сведува вечерта да се курчиш на шанк дека си уморен пошто дента си бил на брифинг со главните.
Трамп едно време најавуваше и дека ќе ги укине и наместо нив ќе праќа пишани соопштенија, за да се избегнат слободните новинарски проценки што всушност било кажано.
Наместо тоа, очигледно се решиле за поинаква тактика, постепено да ги маргинализираат. Се одржуваат сè поретко, стануваат сè пократки и најчесто се инсистира да нема камери. Веќе не се класични брифинзи туку некакви видуванки.
Иако самиот Трамп е медиумски џанак, јасна е неговата намера да ги маргинализира медиумите во проветрувањето на дневните политики. Ако не се сметаат неговите заеднички настапи со странските државници, самиот нема одржано прес конференција од февруари.
Белата куќа не одговорила на прашањето на Атлантик зошто има таков однос кон брифинзите а моќниот Стив Банон по СМС одјебувачки им одговорил:
„Затоа што Шон (Спајсер, прес секретарот - н.з.) се има здебелено“.
Некои известувачи од Белата куќа тврдат дека ако медиумите не настапат заеднички, со некаков бојкот, брифинзите наскоро ќе станат минато. Но тие не настапија така ни кога Трамп во предизборието имаше црни листи на медиуми на кои не им беше дозволено да ги следат неговите обраќања.