Не само што не постои каква било поврзаност меѓу вакцинирање и аутизам, не само што човекот врз чија студија се базира ова тврдење ја има повлечено студијата, а подоцна ја има изгубено и лиценцата за доктор, туку секое застранување од пропишаните стандарди и рокови за вакцинирање е неразумно и директно штетно за детето.
Она што е ново меѓу противниците на вакцинирање е дека стандардното "не ги вакцинирам моите деца" почнува да се заменува со "сакам да ги вакцинирам ама во подолг временски период", став кој од медицинска гледна точка е речиси идентично ризичен како и избегнување на вакцини.
Неколку останати важни поенти од излагањето на Џон Оливер:
- Корелација и причина не се истата работа (ако во некои случаи се појавил аутизам на возраст и во период околу вакцинирањето, не значи дека тоа е причина за болеста).
- Невозможно е да докажеш негатив (дека нешто не е).
- Никој на Фејсбук не пишува “денес пак не се заразив од детска парализа”.
- Живата во вакцините е решена пред многу години, иако и пред тоa ја има во невозможно мали количества.
"Науката и англиски не се ист јазик.
Кога научници ќе кажат немаме докази за поврзаност меѓу вакцини и аутизам, она што го велат е 'сигурни сме колку што човечки може да се биде дека нема поврзаност.'
Една работа што секогаш им ја кажувам на родителите со кои разговарам е дека сум сигурен дека нема поврзаност меѓу аутизам и вакцинирање, колку што сум сигурен дека не можам да летам," изјавува Сет Мнукин, авторот на "Вирус на паника".
Инаку и Џон Оливер од неодамна има новороденче и он го има вакцинирано.
Целиот сегмент: