Локалниот совет на селото Бергун кое се наоѓа на пристојни 25 километри од првите ски патеки и на еден час од монденските Сент Мориц и Давос, изгласа забрана за фотографирање во селото и неговата околина чие прекршување ќе носи казна од симболични 4 евра.
„Научно е докажано дека прекрасните фотографии од нечии одмори ги прават несреќни оние што ги гледаат од проста причина што тие не се таму“, соопштија мудреците од селото.
По социјалните мрежи некои се одушевија од иницијатива која ги охрабрува луѓето убавините на овој свет да се запознаваат од прва рака а не преку разгледување туѓи фотографии а некои се сомневаат дека се работи за обичен ПР потег за добивање публицитет за не толку познатото швајцарско место.
Обичен но одличен. Како поинаку ќе слушневме за Бергун?