Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Evidence Day во Скопје: како вештачката интелигенција го менува научното издаваштво?

На 15 октомври, на ФИНКИ, меѓународни истражувачи и експерти ќе дискутираат за иднината на научните публикации, вештачката интелигенција и новите начини на кои знаењето може да се создава, проверува и споделува.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

Токио нуди тура низ градските тоалети инспирирани од новиот филм на Вендерс

„Совршени денови“, најновиот филм на Вендерс кој зборува за чистач на јавни ВЦ-иња (работа која не изгледа воопшто лошо кога тоа се прави во Јапонија), инспирираше туристички тури низ населбата Шибуја токму низ овие мали архитектонски градби со посебен шмек.

„Мемополис“ - германска друштвена игра со босански потпис

Знаете ли кои градби се препознатливи за Франфурт, Келн или Берлин? Сега можете да научите со помош на друштвена игра која неодамна ја креираа Дамир Башиќ и Емина Османовиќ од Сараево.

Koпа 71: првото женско СП во фудбал кое било избришано од фудбалската историја

Денес, 8.3., премиерно беше прикажан нов документарец кој ја раскажува историјата на првото неофицијално светско првенство во женски фудбал и причините зошто до сега не постоел историски податок дека тоа некогаш се случило. 

Заборавените авторки на „Хепи брдеј“

Иако во голем број средини си имаат, ако ништо друго, тогаш барем превод на песната, кај нас англиската верзија е стандардна придружба на принесувањето роденденска торта. Сепак, ретко кој знае кој ја напишал.

Зошто сме опседнати со лоши вести?

Дали сте забележале дека во секојдневни разговори почнавме да се натпреваруваме кој ќе каже поголема апсурдност од македонската реалност или полоша вест? И тоа е еден вид „думскролинг“ само во живо, низ муабет, а потребата за истото се објаснува со подлабока, еволутивна причина.

Моќните ќелави жени низ историјата на уметноста

Статистиката вели дека најмалку 40% од жените искусуваат паѓање на коса или алопеција во текот на нивните животи. Различните начини на кој овој феномен е претставен во уметноста низ историјата покажува на колку различни начини бил интерпретиран.

Не клавајте многу емоции во работното место

Резултати од анкета на Галуп од 2023 велат дека Американците се генерално несреќни на работните места. Бројот на оние кои се чувствуваат лути и неповрзани со мисијата на нивните организации се качува. Сигурни сме дека не е така само во САД. Еден индиски истражувач на јужно-азиските религии има чаре за ова, произлезено од древна мудрост. 

Децималниот знак е 150 години постар отколку што мислевме

Историчарите долго време мислеле дека децималниот знак влегол во употреба во 1593, кога германскиот математичар Кристофер Клавиус го вклучил во текст од областа на астрономијата, Астролабиум. Но изгледа дека приказната треба да биде вратена уште век и половина порано.

Рикен Јамамото добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2024

Во 45 години долгата историја на наградата која се нарекува и „Нобел за архитектура“ ниту една земја нема произведено поголем број добитници од Јапонија. Денес, 05.03., уште еден Јапонец се закити со високото признание, со тоа станувајќи деветти на списокот. 

Тејлор Свифт и Емили Дикинсон се братучетки

Генеалошкиот сајт Ancestry.com тврди дека пејачката и поетесата се шести братучетки од трето колено (што значи просто - роднини). Обете потекнуваат од англиски имигрант од 17 век. Веста доаѓа згодно пред новиот албум на Свифт во чиј наслов се спомнуваат поети.

„Во другите улоги“ - патување на крајот на филмската шпица

Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.

Европската земја кадешто „Тексас“ е сленг за „лудo“

Скандинавија можеби нема многу заеднички нешта со Тексас, но кога Норвежаните сакаат да изразат колку е нешто диво и „варварско“ користат еуфемизам базиран на стереотип, кој можеби и не е толку лажен. 

Букбокс читанка: „Симпатизерот“ од Виет Тан Нувеен

Дебитантски роман закитен со Пулицер во 2016 што шокира на повеќе начини, истовремено ш'шти гласно како ракета, но и подмолно и тивко, како библиотекари кои опоменуваат. Наскоро на ХБО ќе се појави серија направена по него. 

УКИМ, Шарл Азнавур, Танец и желки: мотивите на македонските поштенски марки за 2024

Понекогаш, како за оваа статија, навистина не можеме да објасниме како сме дошле до темата, освен дека еден клик нè носел до друг, па до трет...Така стигнавме до сајтот на Македонска пошта, односно до рубриката „поштенски марки“ за кои до сега никогаш не сме се заинтересирале. А тука има што да се види.

Не биди само „фин“

Кога барате повратно мислење, грижливиот човек е топол и конструктивен. Но не ви премолчува. Тој разбира дека процесот на барање мислење значи дека имате доверба во него, доволно за да ја слушнете вистината дури и ако таа ви го срони бисерот. Финиот човек нема да сака да ви ги повреди чувствата, и исто така ќе ви даде топло мислење. Но само она доброто. Тој не ја согледува својата одговорност да ви го каже „лошиот“ дел.

„Политикин забавник“ прослави 85 години

За убавиот јубилеј, веќе антологиското списание за деца и млади во Народната библиотека на Србија во Белград организираше изложба и додели книжевна награда. Ако самите сте го читале забавникот, или пак вашите родители чуваат некои од броевите, добар момент да ги свртите неговите страници. Мислиме на оние направени од хартија. 

Лори Андерсон моделираше ВИ четбот по својот починат сопруг, Лу Рид

„Станав зависник“, изјавила Андерсон, по користењето на текст генератор кој ги имитира зборовите на нејзиниот сопруг, една деценија по неговата смрт.

Библиотека која овозможува плаќање казни со слики од мачиња

Не е баш чест случај слики од мачки да се употребуваат како валута. Но во текот на месец март, јавните библиотеки во Масачусетс ќе ги избришат евентуалните казни на корисниците ако овие го испратат токму тоа.

Кога номинираните за Оскар си конкурираат самите на себе

Звучи необично, но изненадувачки често се случува истиот човек да е номиниран два пати во истата категорија за Оскарите. Ова најчесто се случува во оние категории кои подразбираат тимска работа (звук, специјални ефекти), но има и поединци кои или одлично си ја вршат работата или пак во некои години просто имале среќа да бидат ангажирани на битни проекти.

„Зона на интерес“: филмот кој треба да се слуша

Новиот филм на Џонатан Глејзер е номиниран за Оскар во пет категории, од кои едниот го заслужува стопроцентно - оној за звук. Режисерот како да вели: начулете ги ушите, за подобро да видите.

Букбокс репортажа: Геополитичкиот „пичвајз“ на Еквадор и пепелта на Андите

На самиот почеток на претходниот текст за Галапагос, во кој доминираа птици, желки и други не-човечки суштества, Илија напиша: „Во тој момент, ни на крај памет не би ми дошло дека после една недела, на враќање накај дома, во бежанија од нарко-мафијата во Кито, не ќе ми е баш до луѓе“. Добро, биваше да ме оставиш во с'спенс за најинтересното, после „Војна и мир“ од репортажа? - му велам. Во ова продолжение тој ја исправа неправдата кон луѓето во приказната и кон читателите желни за уште долги четива. 

Необичните одлуки на жирито на овогодинешното Берлинале

Завчера, 24.02., заврши 74-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал. Жирито беше предводенo од Лупита Нионго („12 години роб“, „Црн пантер“), и тоа според многумина донесе прилично чудни одлуки околу тоа кој ќе ги понесе престижните признанија.

Денешниот проблем со Законот на Амара

На Википедија страницата на англиски за Рој Чарлс Амара (1925-2007), американски научник и футурист, покрај двете реченици вовед во врска со неговото образование и работни места, стои само еден исказ, наречен „Амаровиот закон“. Иако и сега има логика, еден дел од него треба да се предефинира. 

Букбокс гледаше: „Американска фикција“ (2023)

Aдаптацијата на романот на Персивал Еверет од 2001, „Бришење“, претставува сатира за стереотипите за Афро-американците како постојани жртви на системот. Тој ист систем пак, поради сопственото чувство на вина, го поттикнува, па дури и бизарно ужива во таквото нивно претставување во медиумите и во уметноста. Еден човек одлучува да го искористи тоа.